1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Барса погреши кога го даде Суарез на Атлетико, ќе ја направи ли истата грешка и со Гризман?

Најчитани вести

Минатото лето Барселона му го продаде Луис Суарез на Атлетико Мадрид, а токму напаѓачот беше главниот фудбалер за освојувањето на шампионската титула.

И кога се очекуваше дека Барселона ќе научи од грешките и нема другпат да ги засилува ривалите, тие тоа го прават уште ова лето, ќе го вратат Гризман во Атлетико Мадрид.

Со цел да ослободат пари за платата на Меси и регистрација на новите засилувања, Барселона реши да се ослободи од Гризман, за возврат ќе го добие Саул Нигез кој би добивал помала плата од Французинот.

Се верува дека Гризман во Атлетико Мадрид би можел да има уште поголем ефект отколку во Барселона, бидејќи тоа е клубот во кој се промовираше на светската јавноста.

Гризман во пет сезони во Атлетико Мадрид беше најдобар стрелец, во сите тие пет сезони постигнуваше 20+ голови, во најдобрата постигна 32, а во последната пред да замине во Барса, 21.

Гризман добро го познава и Суарез со кој заедно играше во Барселона, па може да се формира страшен тандем од кој Атлетико Мадрид ќе има голем бенефит.

Чоло Симеоне го засили тимот и со Де Паул од Удинезе кој треба да биде сериозно засилување ако се суди по неговите игри за Аргентина на Копа Америка.

Ќе биде интересно ако Атлетико Мадрид ја одбрани титулата, а Гризман има одлична сезона. Тоа ќе биде запишано како уште една голема грешка на Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести