24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Барса нуди 45.000.000 евра за 15-годишен Бразилец

Најчитани вести

Бразилскиот вундеркинд, 15-годишниот Ендрик е нова мета на најголемите европски клубови. Напаѓачот на Палмеирас, има постигнато 172 гола на 175 натпревари во младинските категории. Бразилците тврдат дека конкретна понуда за Ендрик испратиле челнците на Барселона.

Ендрик, долго време го следат луѓето до Барселона. Пред неколку недели најдобрите клупски скаути биле да го гледаат на најголемиот У 20 турнир во Бразил, наречен Копиња.

Ендрик, на вој турнир постигнал пет гола на седум натпревари и според извештаите доминирал со против постарите фудбалери.

Пораката која скаутите ја испратиле од Бразил е дека Барселона под итно мора да реагира. Барселона понудила 45.000.000 евра во три рати.

Правата би била исплатена во моментот кога Ендрик ќе потпише професионален договор со Палмеирас, втората откако ќе ја одигра првата професионална сезона, а третата кога ќе наполни 18 години и кога ќе се пресели во Барслеона.

Проблем за Барселона претставува интересот на другите богати клубови. „Дејли мејл“, тврди дека Ендирк внимателно го следеле Манчестер сити, Ливерпул и Манчестер јунајтед, а Шпанците пишуваат дека во трката ќе се вклучи и Реал Мадрид.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com