31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

Барса не можат да ги регистрираат играчите, ќе носат ново засилување во Маркос Алонсо

Најчитани вести

И покрај тоа што според шпанските медиуми, Ла лига им соопшти дека не можат да ги регистрираат новите засилувања, ниту ирачите чии договори беа продолжени, Барселона не планира да застане во лудото купувачко лето, откако се на чекор од комплетирање на трансферот на Маркос Алонсо од Челси.

Барса и Челси беа ривали за неколку фудбалери ова лето, и битката ја доби Барселона со потписот на Рафиња и Жил Кунде, а откако не успеаја да го добијат и Цезар Азпиликуета (кој го продолжи договорот со „сините“), сега Маркос Алонсо најверојатно ќе патува во Каталонија.

Експертот за трансфери, Фабрицио Романо тврди дека зделката е пред потпишување, и Барселона ќе плати помалку од 10 милиони евра за фудбалерот чиј договор завршува на крајот на следната сезона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com