13 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Барса нема пари за Гризман?! Преговорите со банките одат лошо, се одложува уплатата на клаузулата

Најчитани вести

Среда според најавите требаше да биде денот кога Барселона ќе му префрли 120.000.000 евра на Антоан Гризман со цел Французинот да може да отиде во седиштето на Ла Лига и заедно со своите адвокати да ја уплати откупната клаузула на Атлетико и така да стане слободен играч. Среда дојде, Барселона не се мрдна од мртва точка, а низ Шпанија кружи гласина – клубот нема пари да го плати трансферот на Гризман!

Ова пристигнува од редакцијата на „АС“, а познато е дека релациите меѓу Мадрид и Барселона се затегнати до таа мерка што новинарите често пишуваат лоши работи за другата страна. Можеби на прв поглед делува грубо, но Барса во овој момент навистина не е во можност да ја исплати клаузулата на Гризман. На приказната на мадридскиот весник се надоврза и каталонски „Спорт“ кој најавува дека уплатата се одложува за најмногу 72 часа, а причината е во тоа што Барселона има проблем со ликвидноста и дека преговорите со банките одат бавно бидејќи клубот засега не може да обезбеди финансиски гаранции. Но, помалку популарниот весник во Каталонија нема дилеми дека трансферот ќе биде завршен до крајот на неделата најдоцна.

Тоа значи дека Гризман ќе добие нешто повеќе од 30 дена одмор колку што однапред се договори со луѓето од Барселона, односно на „Камп Ноу“ ќе го нема барем до следниот понеделник.

Проблемот настана токму поради одлуката на Гризман да не се појави на почетокот на подготовките на Атлетико поради што мадридскиот клуб и се налути на Барселона и соопшти дека отпаѓа претходно воспоставениот договор откупната клаузула да се исплаќа во три рати. Барса сега е во позиција да мора да ги искешира сите 120.000.000 евра, плус отприлика уште шест милиони за обработка на трансферот и потребната документација, што дополнително ја отежна ситуацијата.

Наводно уплатата не треба да се очекува пред петок, а можеби дури и во понеделник.

Тензиите меѓу двата клуба ги доведоа преговорите во нималку пријатна ситуација, додека Гризман станува се поомразен на местото каде сите го гледаа како идол. Затоа Атлетико уште првиот ден на Жоао Феликс му ја врачи „седумката“ која беше сопственост на Гризман, а претседателот на клубот Енрике Серезо го нарече Французинот кукавица…

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести