11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Барса им испрати страшна понуда за Нејмар, но ПСЖ му нуди трампа на Јувентус!

Најчитани вести

Барселона не се откажува од Нејмар. Одбиена е понудата од 40 милиони евра плус Дембеле и Кутињо, но сега каталонскиот клуб ја прошири листата на шест играчи.

Освен споменатите двајца ПСЖ може да бира и меѓу Ракитиќ, Малком, Семедо и Умтити, плус 100.000.000 евра со тоа што ПСЖ не смее да ги избере парите Кутињо и Дембеле, туку само еден од нив двајца.

Барса го сака Нејмар, тој сака да се врати повеќе од било што, но ако е тешко да се изведе трансферот, него му е важно само да побегне од Париз, ПСЖ својата одлука ќе ја донесе за две или три недели. Тоа значи дека англиските клубови, конкретно Јунајтед, испаѓаат од игра, а сега повторно се појави Јувентус.

Имено, тие имаат играч кој ПСЖ со задоволство би го зел, станува збор за Пауло Дибала, а остатокот од трансферот ќе биде платен со пари. Нејмар сениор разговараше со Паратичи и луѓето од Јувентус. Од Торино пристигнуваат вести дека станува збор само за прелиминарен разговор, и понатаму останува впечаток дека Јуве го сака Погба и дека Нејмар не им е потребен.

Сари не сака да се откаже од Дибала, верува дека може да му најде место и улога во тимот и да го врати во старата форма, а веројатно единствената причина што во италијанскиот шампион размислуваат за Бразилецот се парите, со Роналдо и Нејмар во екипата, ќе имаат двајца од тројцата најпопуларни играчи на светот во своите редови.

Сепак, оваа опција останува малку веројатно, бидејќи Нејмар и да ги намали своите примања за десетина милиони, тоа повторно ќе значи огромна сума која Италијанците би морале да ја издвојуваат за неговата плата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com