Фудбалерот на Барселона, Сержињо Дест, е испратен на нова позајмица, па откако минатата сезона ја мина во Милан, сега ќе игра за ПСВ Ајндховен.
Двата клуба се договорија на позајмица на една година, а холандскиот гигант ќе има и опција да го откупи по завршувањето на сезоната. Доколку холандскиот тим се одлучи на таков чекор, тогаш Барселона ќе добие 10 милиони евра.
Дест би можел да има проблеми со приемот од навивачите на ПСВ, со оглед што во минатото играше за лутиот ривал Ајакс, каде што мина речиси осум години, прво во младите категории, а потоа и во сениорите.