30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

„Барни Стинсон“ се опоравува по повредата во Хрватска

Најчитани вести

Летото, актерот Нил Патрик Харис, кај нас познат како Барни Стинсон од серијата  „Како ја запознав вашата мајка“, заедно со сопругот Дејвид Бурткa и нивните деца близнаци Гедеон и Харпер беа на патување низ Европа, од кое дел беше и посетата на хрватскиот остров Хвар.

Но за жал таму тој ја повреди раката, откако се лизнал и паднал во вода, при што се набоцкал на морски ежови. По повредата бил примен во болница, но раната не била средена како што треба, поради што пред некој ден тој бил примен во болница во Менхетен каде му извршиле дополнителен зафат.
Нил тоа го објави на својот Инстаграм профил:

„Имав операција денес. Се сопнав и паднав во морето, пред скоро два месеци додека се искачував на карпестите плажи во Хрватска. Извадив поголем дел од ситните боцки, но две останаа така што раката се инфицираше. Една боцка ја прободела тетивата (видете го видеото со ултразвук) “, напиша тој одавајќи дека добро закрепнувал благодарение на стручниот хируршки тим кој се грижел за него.

Нил престојуваше на Хвар кон средината на август, каде бил забележан во познат ресторан. Негов домаќин беше на холивудската активистка Санела Џенкинс, која ја носи титулата најбогата босанка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести