23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Барди повторно се повреди

Најчитани вести

Македонскиот удбалски репрезентативец од редовите на Леванте, Енис Барди заработил повреда и одредено време нема да конкурира за составот на шпанскиот тим. Клубот од Валенсија објави дека Барди има проблем со мускулот на десната нога поради кој сигурно ќе го пропушти дуелот со Атлетик Билбао во Примера кој се игра в петок од 21 час. Наредната седмица ќе има нови лекарски-тестови по што ќе се знае дали Барди ќе може да настапи на реваншот против баскијците во Купот на Шпанија.

Барди претходно паузираше поради повреда заработена за време на подготвките на македонската репрезентација, па се врати на терените минатиот месец против Валјадолид по што одигра неколку натпревари на кои постигна два гола против Валјадолид во Купот и Атлетико Мадрид во Ла Лига.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести