24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Барди побарал да замине од Леванте во јануари

Најчитани вести

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Леванте. „Супердепорте“, тврди дека, од почетокот на месецот Барди имал неколку средби со претседателот на клубот, Кико Каталан, на кои ја изразил желбата да замине од клубот.

Енис Барди, имал желба да замине и во летниот преоден рок, на крајот остана во тимот. Неговиот договори истекува на крајот од сезоната, што значи дека клубот мора да го продаде, доколку сака да заработи од неговото заминување.

Вчера, „Ел Чингирито“, објави дека европскиот великан Милан, понудиле 5.000.000 евра за Барди. Интерес за фудбалерот од редот за врска, покажале и Торино, односно Реал Сосиедад, но намерата на овие два клуба е да го донесат по завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.

Евентуалниот трансфер на Барди во Милан, ќе му помогне на Леванте да го намали долгот од 15.000.000 евра.

Енис Барди, во 2017 година од Ујпешт пристигна во Леванте. Клубот, тогаш, за неговиот трансфер издвои 1.700.000 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com