21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Бананата помага за поздрави црева и варење на храната

Најчитани вести

Научните испитувања покажуваат дека бананите носат огромен број нутритивни придобивки, на пр. антиоксидансите кои го зајакнуваат имунитетот и ја намалуваат можноста од хронични болести. Тие, исто така, го подобруваат сонот, а пак, растителни влакна кои го забавуваат варењето што помага за ситост подолго време, пишува американскиот „Journal of Clinical Nutrition”

Во 2021 година, истражувачи од Австралија прегледаа повеќе од 50 претходни трудови за да проучат – како цревата влијаат на човековото целокупно здравје. Истражувањето објавено во ,,Journal of clinical gastroenterology and hepatology, ја открива важноста на избалансираниот микробиом.

– Микробиомот се бактерии кои живеат во нашите црева. Се верува дека колку е поголема нивната разновидност во цревата, толку цревниот микробиом е поздрав, вели Дејна Елис Ханс, авторка на трудот.

Пробиотиците се живи бактерии што се наоѓаат во ферментираната храна и додатоците. Тие се „добри“ бактерии во рамнотежата на микробиомот. Овие здрави бактерии ги добиваме и од бананите.

Друга придобивка што бананите ја имаат при варењето е намалувањето на надуеноста во стомакот. Растворливите пробиотски влакна во овошјето, имено, помагаат и при запек – чест виновник за непријатната надуеност. Високото ниво на калиум во бананите им помага на бубрезите да го исфрлат вишокот вода и сол од телото, поттикнувајќи диуретичен ефект којшто го намалува задржувањето на водата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com