17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Балетската претстава „Ана Каренина“ денеска и утре во НОБ

Најчитани вести

Во Националната опера и балет денеска и утре ќе се изведе „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот композитор Петар Илиќ Чајковски.

Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, сценографијата е на Александар Ношпал.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка, велат од НОБ.

Како дел од балетската претстава настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com