24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Балашевиќ закрепнува, семејството уште не може да го посети

Најчитани вести

Пејачот Ѓорѓе Балашевиќ добро закрепнува по операцијата за вградување стентови, но лекарите уште не дозволуваат семејството да дојде во посета. Тој лежи во болницата во Сремска Каменица, каде трае неговото болничко лечење. Лекарите се оптимисти во врска со неговото здравје, но сепак ја почитуваат приватноста на пејачот и на неговото семејство.

Извор близок до семејството Балашевиќ за српските медиуми потврдил дека на пејачот му се вградени два стента, но дека тој мора да остане под лекарски надзор, на интензивна нега. Балашевиќ е свесен што му е случило и одлично го прифатил тоа, подготвен и понатаму да ги следи препораките на лекарите за поздрав и подобар живот.

Тој имал среќа што организмот му е силен и здрав, па лесно ја поднел операцијата. Но, самиот факт што всушност се работи за ризична состојба го вознемирило неговото семејство, особено сопругата Оливера. Тие не откриваат никакви детали во јавноста, туку соопштуваат само најважни информации, а тоа е дека пејачот се чувствува здраво и стабилно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com