Вечерва на програмата се последните два натпреаври од осминафиналето на 16. Европско првенство во кое се среќаваат во Лондон селекциите на Англија – Гермнаија (18 ч.) и во Глазгов, Шведска – Украина (21 ч). Победниците од овие два натпреаври на „Олимпико“ во Рим ќе се соочат во четвртфиналето.
Михаел Балак е еден од германските фудбалски легенди кои не стравуваат од вечерашната пресметка во осминафиналето на „панцерите“ против Англија. За многумина Англија е втор фаворит за титулата, а сега и прв откако Франција испадна на драматичен начин од Швајцарија.
Фактот што досега Гордиот Албион игра на домашен терен на „Вембли“ е предност за Англичаните, но така не мислат и Германците кои сметаат дека нивната репрезентација ќе пронајде уште поголема мотивација да приредат разочарување на трибините на денешното осминафинале на „Вембли“.
Штефан Ефенберг вчера нагласи дека е убеден во победа на неговата репрезентација, а со оптимистичка изјава се огласи и поранешниот играч на Челси кој добро ја познава англиската фудбалска култура.
– И покрај нашето лошо издание против Унгарија, убеден сум дека ќе победиме против Англија. Англија има тим од врвно ниво и има поставено високи стандарди, но не гледам дека Германија заостанува во овој поглед. Изданијата на Англичаните не ме воодушевија и не ме задоволија. Не примија гол, но и не дадоа многу голови. Чудно е што Кејн не постигнува голови, но гледам на следниот ред на Англија како слаба точка. Тоа им е слаба страна, Англија ја нема таа култура да доминира на средината на теренот како што ние го правиме тоа – вели Балак.