0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

БАКАЈОКО ПО ВТОРПАТ ВО МИЛАН КАКО ПОЗАЈМЕН ФУДБАЛЕР

Најчитани вести

Актуелниот европски шампион Челзи му го позајми на Милан во следните две сезони францускиот фудбалер Тимуе Бакајоко, соопшти италијанскиот прволигаш.

– Фудбалскиот клуб Милан со задоволство потврдува дека е постигнат договор за позајмица на Бакајоко за следните две сезони, со опција договорот да откупен, се наведува во клупското соопштение.

Французинот се пресели во Челзи во 2017 година, но настапуваше за премиерлигашот само во првата сезона, по што играше како позајмен фудбалер во Милан, Монако и Наполи.

Италијанските медиуми објавија дека Милан ќе треба да му плати на Челзи 15 милиони евра за да го откупи договорот на францускиот фудбалер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com