-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Баер во еден ден потврди два трансфери вредни 13 милиони евра!

Најчитани вести

Германски Баер Леверкузен потврди уште две засилувања за новата сезона, а се работи за централен бек и за играч од средниот ред. За двајцата плати 13 милиони евра и од нив се очекува да го зацврстат тимот по неколкуте заминувања ова лето.

Пјеро Инкапе е еквадорски репрезентативец кој доаѓа од редовите на Таљерес за сума од 6 милиони евра. Тој играше на Копа Америка 2021, а претходно на младинското СП во Бразил.

Во средниот ред ќе игра Роберт Андрих кој дојде од Унион Берлин за 7 милиони евра. Се работи за поранешен младински германски репрезентативец кој пред да дојде во Унион, играше за Хајденхајм, Динамо Дрезден и за вториот тим на Херта.

Двајцата потпишаа договори до 2026 година!

Пред нив Баер се засили со централниот бек Одилон Косону кој дојде од Бриж за 23 милиони евра, потоа левиот бек Михел Бакер од ПСЖ, Зидан Сертдемир од младинската екипа на Нордсјеланд како и голманот Андреј Лунев од Зенит.

Екипата ја напуштија Леон Бејли (Астон Вила), Тин Једвај (Локомотив Москва), Демарај Греј (Евертон), браќата Ларс и Свен Бендер (Браненбург), Александар Драговиќ (Црвена Звезда), Џем Туркмен (Клермон).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com