1 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Баерн сака да му се одмазди на Челзи за загубеното финале на пенали во Минхен

Најчитани вести

Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен не е убедлив во Бундеслигата каде по 15. кола е дури петтопласиран, но затоа пак во групната фаза од Лигата на шампионите беше единствен со со максимален ефект од шест победи. Германците во нокаут-фазта ќе се соочат со англискиот Челси кој им е должник од 2012 кога во финалето во Минхен пред нивните гледачи останаа со празни раце, бидејќи пехарот со „големите уши“ со подобро изведување на пеналите им го однесе Челзи. Горчината од овој последен меѓусебен меч сеуште ја чувствуваат во Баерн, па сега посакуваат одмазда.

-Ја гледавме ждрепката тимски и се радуваме на предизвикот што го добивме Челзи. Имаме убави спомени од Лондон, но знаеме што се случи во 2012 година во Минхен. Челзи е опасен тим и мора сериозно да му пристапиме. Мора максимално мотивирани да влеземе во мечевите, но целта е јасна – ние да одиме понатаму, вели Мануел Ноер, искусниот чувар на мрежата на Баерн.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести