24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Баерн оствари контакт со претставници на тренерот на Ајакс, Тен Хаг

Најчитани вести

Тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг е меѓу најсериозните кандидати за испразнетото место во Баерн, јавуваат германските медиуми.

Според „Скај Дојчланд“, раководството на Баварците разговарало со посредници кои ги застапуваат интересите на тренерот. Според изворот, тренерот дефинитивно нема да го напушти Ајакс во текот на годинава. Единствената можна опција е тој да го предводи тимот на Минхен од јануари 2020 година.

Тен Хаг (49), минатата сезона, заедно со Ајакс, ги освои Холандското првенство, националниот Куп и Супер куп, а исто така стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите. Во периодот 2013-2015 година работеше како тренер на резервниот тим на Баерн.

Германскиот фудбалски великан остана без тренер по прекинот на соработката со Нико Ковач.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести