14 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Баерн Минхен ќе има нов претседател

Најчитани вести

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, нема да се кандидира за нов мандат на ноемвриските избори, објави весникот „Билд“. ДПА не успеа да ги потврди информациите, а самиот Хенес е заедно со тимот на турнејата во САД.

„Ова не може да се коментира од наша страна“, изјави шефот на прес-службата на клубот Стефан Менерих од Канзас Сити.

Карл-Хајнц Румениге, кој е втор човек зад него во клупската структура, не беше достапен за коментар.

Според изворот на „Билд“, Хенес сака да остане само како член на одборот на директори со советодавна улога.

67-годишниот Хенес работи во клубот веќе 40 години, заземајќи различни позиции во хиерархијата. Тој ја започна својата административна кариера на 1 мај 1979 година, кога Баерн беше клуб со прилично мал буџет. Во моментов, сепак, тој е еден од најбогатите во светот и, секако, заслугите на поранешниот напаѓач се значајни.

Во април, тој рече дека добро ќе ги разгледа плановите, а по летото ќе објави што ќе направи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести