21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Баерн Минхен не е опција, Халанд ќе потпише за Манчестер Сити

Најчитани вести

Хасан Салихамиџиќ потврди дека Баерн Минхен нема да биде следниот клуб на Ерлинг Халанд, а „Атлетик“ тврди дека во текот на оваа недела официјално ќе биде соопштено дека тој ќе биде нов фудбалер на Манчестер Сити.

Се чини дека веќе нема дилеми, Манчестер Сити ќе биде новиот клуб на Ерлинг Халанд, а тоа официјално ќе биде соопштено наскоро.

Директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ ја отфрли можноста тој да пристигне во Баерн Минхен.

„Ние нема да бидеме следниот клуб на Ерлинг Халанд, тоа е сигурно“, aизјави Салихамиџиќ.

„Атлетик“ денеска објави дека се е договорено и во текот на оваа недела ќе биде соопштено дека Халанд ќе биде нов фудбалер на Манчестер Сити.

Сити ќе ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра за Халанд, плус ќе плати провизија на агентите. А фудбалерот се очекува да потпише петгодишен договор за плата од околу 30 милиони евра по сезона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com