Home » Баерн и Ливерпул од договор ги делат 10 милиони евра

Баерн и Ливерпул од договор ги делат 10 милиони евра

by Журнал.мк

Баерн и Ливерпул се уште не се договориле за трансферот на Садио Мане. Сенегалецот влегува во последната година од договорот, летниот преоден рок е последна можност Ливерпул да заработи од неговиот трансфер.

Баварците се многу заинтересирани за 30-годишниот Мане, но доколку сакаат тој наредната сезона да игра во Минхен, ќе мора да го одврзат ќесето.

Ливерпул досега одбиле две понуди, а според „Дејли Мејл“, во моментов разликата помеѓу преговарачките тимови изнесува 10 милиони евра.

Баварците прво понудија 25, па 28 милиони евра и уште осум милиони евра преку бонуси. Ливерпул категорично ги одби понудите.

Наводно вчера од Минхен во Ливерпул била испратена нова понуда. Со одредени бонуси таа изнесува 40 милиони евра, Ливерпул бараат уште 10 милиони евра.

Англичаните знаат дека Баерн бара 50 милиони евра од Барселона за Роберт Левандовски и дека може да плати онолку колку што бара Ливерпуза Мане.

Во исто време на „Енфилд“ се работи и на трансферот на Дарвин Нуњез. Клубот е подготвен да плати 100 милиони евра. Бенфика веднаш бара најмалку 75 милиони евра, додека остатокот најверојатно ќе биде договорен преку разни бонуси поврзани со настапите на Уругваецот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More