33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Баерн го собори светскиот рекорд за тренерот Нагелсман

Најчитани вести

Јулијан Нагелсман, најперспективниот тренер во светот, од наредната сезона ќе го предводи великанот Баерн Минхен. Баварците за Нагелсман на Лајпциг ќе му платата обесштетување од 20 милиони евра (15 веднаш и 5 доколку ја освои титулата во Бундеслигата).

Нагелсман си го исполни сонот, бидејќи е голем навивач на Баерн. Тој е роден во Ледензбург, мало место во близина на Минхен, каде живее негоата сопруга и со нивните две деца.

Обесштетувањето што ќе го плати Баерн е рекорд за тренер во светот на фудбалот. Претходниот го држеше Андре Вилас Боаш, кога од Порто се пресели во Челси.

Баерн, покрај тренерот Нагелсман, од Лајпциг го донесе и Дајот Упамекано. За овој дефанзивец Баварците платија 42 милиони евра.

Со трансферот на тренерот, Баерн ја продолжија застрашувачката пракса, да го купуваат најдоброто од конкурентите во Бундеслигата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести