12.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Баерн го загуби Нојер поради повреда заработена во Суперкупот

Најчитани вести

Повредата на Мануел Нојер е лошата вест која тренерот Јулијан Нагелсман ја добил од лекарскиот тим на Баерн Минхен, откако неговата екипа го освои германскиот Суперкуп.

Баерн ја победи Борусија Дортмунд, Нојер повторно беше одличен меѓу стативите, но заработил и повреда на зглобот на десната нога.

Германскиот првак официјално потврди дека Нојер оди на принудна пауза за да се рехабилитира и засега не е јасно колку долго ќе мора да биде надвор од терените.

Баерн претстојниов викенд го пречекува Келн во Бундеслигата, па Нагелсман ќе мора да смета на резервниот голман Свен Улрајх.

Баварците имаат бод по првото коло, откако ремизираа 1:1 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com