13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Багажот на Том Круз украден за време на снимањето во Бирмингем

Најчитани вести

Багажот бил во автомобилот на неговиот телохранител, кој бил украден во вторникот вечерта пред хотелот во Бирмингем каде што престојувал.

„БЕВМЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА КРАЖБА НА БМВ Х7 ВО „CHURCH STREET“ ВО БИРМИНГЕМ, ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ВО ВТОРНИКОТ, НА 24 АВГУСТ“, ПОТВРДИ ПОРТПАРОЛОТ НА ПОЛИЦИЈАТА, НО НЕ ГО ОТКРИ ИДЕНТИТЕТОТ НА СОПСТВЕНИКОТ.

„Автомобилот беше пронајден наскоро“, додаде тој и рече дека истрагата продолжува.

Но, од возилото, секако, исчезнало сè, изјавил анонимен извор наведувајќи дека станува збор за багажот и лични предмети на 59-годишниот Том Круз. Се чини дека крадците користеле високо буџетен скенер за да го копираат кодот за да го отворат и стартуваат автомобилот.

Филмската ѕвезда, познат по тоа што самиот ги изведува повеќето опасни сцени, минатата недела го привлече вниманието во Мидлендс на северот на Англија и граѓаните со интерес го гледаа снимањето на неколку сцени од седмиот филм од „Невозможната мисија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com