21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

Бабовски: Исплатени близу 98,3 милиони денари субвенции за сите регистрирани земјоделци

Најчитани вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 4.207 субјекти исплати околу 98,3 милиони денари за мерката „Дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување“, соопшти директорот на Агенцијата, Николчо Бабовски.

Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои зеле субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.

Овие корисници, рече Бабовски, ќе добијат 20 % повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции од 2017 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com