Home » Бабовски: Да не се манипулира дека ќе се зголеми цената на свинско месо по случајот со африканска чума

Бабовски: Да не се манипулира дека ќе се зголеми цената на свинско месо по случајот со африканска чума

by Журнал.мк

Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по случајот со „афринската чума“ на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски посочи дека со уништувањето на овие животни во оваа фирма, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија. Нема потреба, вели Бабовски, да се манипулира дека по овој случај на африканска чума ќе се зголеми цената на свинското месо.- Точно е дека во производството на домашно свежо месо, бидејќи нашата држава е увозно независна, ќе се почувствува можеби мал недостаток. Затоа нема потреба од манипулирање со цени и зголемување на цените на свинското месо, бидејќи нашите производители на свинско месо ги задоволуваат потребите. Остануваше одреден вишок, којшто одеше во преработувачката индустрија и сега тој вишок ќе го изгубиме, истакна Бабовски.Посочи дека со африканската чума за првпат е зафатен еден поголем објект, додека досега сите случаи биле изолирани и во помали земјоделски објекти.- Во ова жариште, со првичните испитувања, откако се појавија првите смртни случаеви кај свињите, откриени се девет позитивни случаи. Меѓутоа се работи за болест што нема вакцина, ниту терапија, рече Бабовски.Според него, ситуацијата е под контрола и од овој случај не треба да се прави политиканство.Во однос на локацијата каде што треба се ископа јама за уништување на 9.000 свињи во Општина Карбинци, Бабовски вели дека општината имала понудено локации, но дека од страна на инспекторите за животна средина и од АХВ треба да се утврди дали предложената локација од страна на советниците во Советот на Општина Карбинци е прифатлива и според стандардите, со цел да не се пренесе оваа болест и во други региони.МИА вчера објави дека на вонредна седница на Советот на Општина Карбинци донесена е одлука јамата за уништување на свињите да се копа во атарот на село Горно Трогерци. Во моментов и локалната власт, месното население и претставниците од АХВ чекаат одлука каде ќе се копа јамата. Пред три дена жителите на селата Таринци и Нов Карорман не дозволија градежните машини да копаат јама во близина на Индустриската зона. 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk