4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Бабиќ: Сакаме победа против Кадетен Шафхаузен

Најчитани вести

Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, најави дека неговиот тим влегува со победнички амбиции на утрешниот натпревар на гостински терен против швајцарски Кадетен Шафхаузен во рамки на 2. коло во Лига Европа.

– Играме против силен тим, кој има голема традиција во Европа. Одиме во Швајцарија со почит, но и по победа. Нема што да се менува многу во тимот. Горе-долу, сè ќе биде исто. Јосип Периќ ќе почне од првата минута, откако ја санираше повредата, изјави стратегот на битолскиот тим.

Мораме, додаде, да бидеме многу подобри и поцврсти во одбрана, а бидејќи ја сакаме победата, мора да бидеме и далеку попрецизни во напад од тоа што бевме досега.

Дуелот во Шафхаузен се игра утре со почеток од 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер новата сезона во ракометната Лига Европа ја отвори со пораз минатата недела во Битола од француски Ним со 26-21 во воведното коло во групата Д.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com