21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

А-репрезентацијата се собира на пладне во “Хилтон“, тренингот од 16:30 на ФФМ…

Најчитани вести

Денеска на пладне, со собирот во хотелот “Хилтон“ во Скопје, и официјално ќе стартуваат подготовките на нашата најдобра репрезентација за мартовскиот циклус во квалификациите за СП во Катар 2022 година. Играме со Романија во Букурешт (25.03), со Лихтенштајн во Скопје (28.03) и со Германија во Дуисбург (31.03).

Како што е најавено, нашиот стручен штаб на репрезентацијата ќе може да смета на сите оние кои беа повикани, се разбира без Тричковски поради повреда и Зајков и Костадинов поради Ковид-19. Затоа тука се Ибраими и Ашковски.

Неколку играчи се веќе во базата, тука е капитенот Пандев, а доцна попладне се очекува да дојдат Ристовски и Адеми.

Да кажеме дека првиот тренинг нашата А репрезентација ќе го има денеска на ФФМ со почеток во 16:30 часот, додека се очекува дури утре да се одработи првиот тренинг во комплетен состав.

Се разбира дека треба прво да се тестираат на Ковид-19 сите играчи, па потоа ќе се види дали на кого ќе може да се смета.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести