17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

А која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл?

Најчитани вести

За наслов го избравме стихот кој се врти низ главите на речиси сите обожаватели на Евровизија. 

Иако „In Corpore Sano“ на Констракта најпрво доби „хејтерски“ реакции, сега стиховите како да ни се заглавени на сите. Прашањето зошто Меган Маркл има здрава коса и дали е тоа поради хидратацијата нè „мачи“ сите, па се обидовме да го одговориме. 

Постојат многу тврдења дека на Меган не ѝ се допаѓале кралските правила на носење шапки и за дозволените фризури, па често беше и критикувана што ја носеше својата коса пуштена, без никаква интервенција од фризери. 

Се зборуваше дека има и надградба, но всушност, нема вештачки прамени во косата на војвотката. Според стилистите, таа испраќа порака дека долгата коса значи и голема сила, без оглед на тоа што е спротивно на кралскиот протокол таквото однесување. 

Знаејќи дека таа има мешано афро-американско, холандско и ирско потекло, текстурата на нејзината коса е брановидна, со благо навиткани локни. Афро-американците имаат посилно и поцврсто влакно, па веројатно и тоа придонесува за нејзината коса да изгледа здраво. 

Но, тука значајна улога играат и козметичките производи, како што се Kerastase Oleo Relax маслото, како и маската од оваа линија, која спречува заплеткување и електризирање. Војвотката го обоава и маслото на Wella Professionals, кое е рефлектирачко и сјајно, а често го користи и Kevin Murphy кремот за коса кој спречува електризирање и ја држи косата под контрола. 

Таа има прекрасна коса поради гените, но и квалитетните производи, но поради стилизирањето и исправувањето, мора да користи и заштитни козметички производи. 

Кралските хроничари велат дека таа јаде балансирана храна, богата со витамин Е, а омилено ѝ е авокадото. Меган исто така обожава и зелени сокови од спанаќ, кељ, јаболка, лимон и ѓумбир. 

Од сето ова можеме да заклучиме дека гените, храната, квалитетната козметика, а многу веројатно и хидратацијата, се тајната за здравата коса на Меган Маркл.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com