Home » Ацо Пејовиќ: Од Хиландар без темјан никогаш не се враќам – Пејачот на популарните песни од филмот „Тома“

Ацо Пејовиќ: Од Хиландар без темјан никогаш не се враќам – Пејачот на популарните песни од филмот „Тома“

by Lina Muslija

Пејачот Ацо Пејовиќ, кој кај публиката стана екстремно популарен после отпеаните хитови (во филмот “Тоима“), на бесмртниот Тома Здравковиќ, и кој благодарение на тие песни ги полни сите сали и концертни простори во Македонија, искрено пред некој ден со својата публика ја сподели долго чуваната тајна. Тој за заминувањето на Света Гора на Хиландар (Грција) го смета за нешто најсвето што можеше да го направи. Самиот потенцира дека после посетата на манастирот Хиландар кај него и на приватно и на професионално поле сè започнало кон подобро.

-Мојата православна вера ми помогна да го сочувам семејството. На децата да им објаснам што се вистински, а што погрешни вредности. Се трудам секоја година да одам на Хиландар, а гледам дека сè повеќе многу млади луѓе заминуваат на Света Гора. Таму е добро да се отиде, бидејќи човек за 4 до 5 дена, колку што останува, се преиспитува себеси. Тоа ви е некој издувен вентил кој никој не може да ми го пружи, дури ни снегот и скијањето кои ги сакам повеќе од морето.Значи, не постои ниту еден таков одмор кој може да ми ја одмори главата од одмор на Хиландар.

– Од тој манастир се враќам прероден. Секогаш со мене од таму ќе земам темјан за потоа со молитви да го запалам во мојот дом во Белград.

Тој објаснува дека како пејач по кафеани видел се и сешто, работи од кои му се смачило. Душевниот мир кој го наоѓа секое лето на Света Гора му дава сила да биде исправен чесен човек, иако тоа во денешно лудо време не е ниту најмалку лесно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More