Прашањето за отворање на граничниот премин Белановце – Станчиќ е завршена работа и во прашање се технични работи, рече лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, одговрајќи на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на албанското знаме на плоштадот „Скендербег“.
– Сега ќе зависи од комуникацијата меѓу страните во Скопје и Приштина, како и од европските претставници. Технички проблеми се во прашање за отворањето на границата Беланoвце – Станчиќ. Нема друг проблем. Тоа е затворено прашање, рече Ахмети.
Тој истакна дека исто така дека прашање на време е кога ќе биде пуштен и преминот кај Лојане.