3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Ахмети: Нашата платформа е здравје кое го одржува животот

Најчитани вести

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред присутните на завршниот митинг на партијата во Гостивар, рече дека градот го заслужува подоброто.

-Гласајте за Невзат Бејта, тој е мисионер и ја остварува нашата мисија. Тој е вистинскиот избор за Гостивар, изјави Ахмети.

Тој најави дека нивната агенда е европска, а таа е иднината.

-Нашата платформа е здравје кое го одржува животот, затоа поддршката нека биде безрезервна. Ги повикувам сите дека нема да ги посрамиме….Сега имаме нова мисија, рече Ахмети.

Артан Груби за време на својот говор пред жителите на Гостивар рече дека Гостивар не е град што треба да го води некомпетентен човек без волја да продолжи понатаму.

-Сите барања што ќе дојдат од кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар, г. Невзат Бејта и советниците кои овој пат се најдобри, ќе бидат поддржани 100% од целата Влада, изјави Груби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com