Home » Ахмети – Лудва: Поддршката од Чешка да се засили во текот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ

Ахмети – Лудва: Поддршката од Чешка да се засили во текот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ

by Журнал.мк

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес оствари средба со Јарослав Лудва, новиот амбасадор на Чешката Република во Скопје.

Претседателот Ахмети упати честитки за изборот на новиот амбасадор, при што му посака успешна работа и изрази надеж дека неговиот ангажман ќе придонесе во зацврстувањето и унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.

Ахмети и Лудва разговараа за предизвиците со кои се соочуваат двете земји и регионот, како и најновите случувања на политичката сцена во земјата и воената криза во Украина, а двајцата соговорници ја осудија воената агресија на Руската Федерација врз територијата на Украина.

Претседателот на ДУИ, Ахмети, укажа дека континуираната поддршка што ја добиваме од Чешката Република на евроинтегративниот пат очекува да биде засилена за време на чешкото претседавање со Советот на ЕУ, кое се очекува да почне на 1 јули оваа година.

Чешката Република секогаш го истакнала фактот дека зајакнувањето на претпристапните партнерства ќе доведе до унапредување на инфраструктурните врски помеѓу Европската Унија и Западен Балкан, како и подобро имплементирање на принципот на доброто владеење.

Како добар познавач на политичките состојби во регионот, амбасадорот Лудва искажа задоволство од можноста својата богата дипломатска кариера да ја продолжи сега и во Република Северна Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk