8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Ахмети и Рама во прегратка: Албанија и Северна Македонија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство

Најчитани вести

Современите политичари градат мостови за мир и стабилност, порачаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и премиерот на Албанија, Еди Рама на средбата во Охрид на вториот ден од Преспа форумот.

На средбата, како што соопштија од ДУИ, се разговарало за надминувањето на предизвиците што ги очекуваат двете земји но и регионот, на патот кон европската интеграција.
„Спорот меѓу Република Северна Македонија и Грција беше преседан во
политичката историја и за неговото решавање беше потребно да се најде
иновација што би била пример во политичката историја и меѓународните
односи. Тоа го постигнавме во време кога сите рекоа дека е невозможно, а
денес гледаме позитивни резултати од овој договор“, изјавил Ахмети.
Спорот со Бугарија исто така бил дел од разговорот помеѓу Ахмети и
Рама, при што двајцата се осврнале на неодамнешните посети на Софија со цел да се надминат пречките поставени од бугарска страна.
„Во време на големите глобални пресврти, носејќи надеж станавме даватели на решенија и мир низ целиот регион. Лидерите не сакаат и не треба да јазанемараат својата земја“, било оценето на средбата.

Исто така, беше констатирано дека сонцето за Албанците и сите земји од
Западен Балкан изгрева на запад и по членството во НАТО, Албанија и Република Северна Македонија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство бидејќи мирот, стабилноста и добрите односи со соседните земји се на вистинско ниво.
Во соопштението се додава дека било заклучено и дека националистичките и конзервативните политичари во такви ситуации само градат sидови и суштински не менуваат ништо. Современите политичари, пак, наместо sидови, градат мостови за мир и стабилност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести