4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

АХМЕТИ ЗА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на државата

Најчитани вести

Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Секое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да направиме и ќе направиме.

Ова е пораката што лидерот на ДУИ Али Ахмети ја упати на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

– Целосната имплементација и примена на Охридскиот мировен договор, на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија да се применат од точка до точка сите обврски да бидеме бескомпромисни во борбата против корупцијата и криминалот. Ние Европа ја имаме блиску на прагот, но задачите треба да ги направиме сами. Ние сме земја членка на НАТО, ние треба да ја избришеме во нашите глави таа класична автономија или независност. Нема класична автономија или независност кога влегуваш во сојузништва и пртнерски односи со ЕУ и треба да ги примениш нормите, правилата на сите. Колку си мал стануваш голем. Ние сме сега исто како најголемите во НАТО, но ние треба да поставиме НАТО стандарди, бидејќи ние сме барале да станеме членка на НАТО. Сигурен сум дека можеме да постигнеме – нагласи Ахмети.

Тој истакна дека имаат големи историски одговорности, и како политичка партија да работат со луѓето да ги надминат пресдсрасудите.

– Уште во оваа држава има стереиотипи и предрасуди. Се уште има заинтересираност коja се мотивира од идеологии и држави кои не сакаат нашата држава да напредува, туку сакаат нивни влијание да доминираат во нашата држава. Ние немаме друга алтернатива – рече Ахмети.

Во својот говор Ахмети се осврна и на времето пред да се потпише Охридскиот рамковен договор.

– Беше една прилика посебна прилика, се изненади не само државата туку и меѓународната заедница што се случува едно утро во Република Македонија. Нормално јас припаѓав на студентската организација и движење, нема студентско движење на земјината топка кое сака воени дејствија. Секаде студентските движења се мировни, прогресивни, за демократија, за автентична и вистинска демократија, за консенсуз и дијалог, и јас припаѓав и бев еден од организаторите на ова студентско движење кое ги водеше овие развои во 81-82 година. Нашите тогашни барања се задушија со железо, со крв. Се затворија стотици студенти, илјадници студенти. Тоа време ние поставивме барање да се школуваме во нашата држава во Скопје да се отвори универзитет на албански јазик, рече Ахмети.

Сите наши барања, додаде Ахмети, беа наградени со затвор, со убиства, со репресии, со апсења, и се роди плурализмот, во 90-тите години.

– Токму ние како водачи на студентските движења имавме направено и политичка организација и со еден весник, единствен опозициски весник во тогашната Југославија. Единствена организација опозициска која бараше правда, еднаквост демократија за сите граѓани. Но, не ни беше овозможено да дејствуваме легално, и потоа се појави легалното движење, ние го поддржавме тоа движење со најдобра намера дека ќе се случат измените дека ќе има унапредувања, но се разочаравме – рече Ахмети.

Најголемата потешкотија која ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на оваа држава. Тогаш пред 20 години и оваа опција беше на маса и јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингот и Брисел дека најдовме сила, поддршка против оваа трагична опција со непредвидливи последици за нашите граѓани, заклучи Ахмети.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com