Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај, потврдуваат за ТВ 24.
По назначувањето на Бујар Османи за координатор на огранокот на ДУИ во Чаир, одлуката на претседателот на интегристите Али Ахмети е донесена со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси на ДУИ во Сарај“.
Оваа одлука на Ахмети доаѓа по успехот постигнат во Чаир каде целата локална структура се организираше во отсуство на огранокот на ДУИ и организираше средби со локалните совети и големиот собир во Чаир на 20 март без учество на претседателот на огранокот и градоначалникот на општина Чаир.