Home » Ахмети – Алиу: Проектот Тетово – Призрен е важен и за регионот, патиштата ја олеснуваат и развиваат економијата

Ахмети – Алиу: Проектот Тетово – Призрен е важен и за регионот, патиштата ја олеснуваат и развиваат економијата

by Журнал.мк

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска го прими министерот за животна средина и просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Али.

Тема на разговорот меѓу претседателот Ахмети и министерот Алиу беше меѓуинституционалната соработка како и важниот инфраструктурен проект што го поврзува градот Тетово со Призрен.Претседателот Ахмети на средбата истакна дека комуникацијата меѓу двете земји продолжува како и во минатото, бидејќи секоја соработка со земјите од регионот како Косово, Албанија, Бугарија, Грција и Србија претставува инвестиција не само во инфраструктурни проекти, но и за мирот и стабилноста во поширокиот регион, а особено во регионот кој е вознемирен од конфликти повеќе од 20 години. Посебно внимание беше посветено и на патот Тетово – Призрен, кој е од исклучителна економска вредност за двете држави бидејќи патиштата го олеснуваат сообраќајот, сообраќајот развива напредна економија и верувам дека владините тимови активно ќе се занимаваат со ова прашање за проектирањето да биде завршено во најбрз можен рок, рече претседатлот Ахмети на средбата.Министерот Алиу му се заблагодари на претседателот Ахмети за приемот и истакна дека денешната средба ја побарал премиерот на Република Косово.Алиу подвлече дека соработката меѓу двете земји треба што поскоро да даде резултати во оваа насока и дека реализацијата на овој проект ќе има придобивки за граѓаните на двете земји како и за регионот.Ова е пат кој има исклучително големо влијание за двете земји, сакам да потсетам дека веќе постои физибилити студија што ја изработи Северна Македонија, во фаза сме на финансиски договор да го изведеме проектниот проект за заеднички тунел и да преминеме во фаза на целосна имплементација, рече министерот Алиу на средбата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More