12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

АХВ организира дебата по повод Светскиот ден на безбедна храна

Најчитани вести

Новата европска стратегија за безбедност на храната, перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, се дел од темите на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, под годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – „Безбедна храна денес, за безбедно утре“

На тркалезната маса ќе се дебатира и за флексибилната примена на правилата за системот за безбедност на храната низ призмата на потрошувачите и за употребата на здравствените тврдења и измамите при нивно користење, за антимикробната отпорност и за иновираната храна како предизвик на 21 век.

АХВ се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 7 – јуни, Светскиот ден на безбедна храна, што првпат беше востановен во 2019 година од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО. Целта на иницијативата е подигнување на јавната свест за безбедноста на храната и информирање на јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа, унапредување на здравјето на граѓаните, економскиот просперитет, развојот на земјоделството и пазарите

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com