23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

АФЕРА КОЈА ГО РАЗДРМА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Џејмс Хјуит ѝ бил љубовник на Лејди Ди, а сите велат дека Хари е ИСТ КАКО НЕГО! (ФОТО)

Најчитани вести

Кралското семејство со години го привлекува вниманието на јавноста и интересот за него само се зголемува од година во година. Ако се земе предвид смртта на принцезата Дијана, не е ни чудо што деновиве се анализира сè што е поврзано со неа и нејзините потомци. Овој пат, британските медиуми пишуваа за Џејмс Хјуит, поранешниот љубовник на Лејди Ди.

Џејмс Хјуит, професионален џокеј и поручник, беше љубовник на принцезата Дијана, што и таа самата го признала во своето интервју во 1995 година. Тој беше згоден, убав војник кој очигледно го освои срцето на принцезата Дијана, па дури и им читал бајки на нејзините синови пред спиење.

Денес, Џејмс има 62 години и неодамна беше фатен како пазарува во британскиот Екстер. Сега, Џејмс живее затскриен живот, далеку од медиумската помпа и скандалот со кралското семејство. Тој работи како градинар со годишна плата од четири илјади фунти, а живее со неговата мајка Ширли, која има 92 години.

Џејмс и Дијана беа во врска пет години, за време на нејзиниот брак со принцот Чарлс, а некое време имаше гласини дека тој е татко на принцот Хари – поради црвената коса и пегите. Името на Џејмс Хјуит стана познато на пошироката јавност во 1991 година, кога поранешната свршеница на Џејмс откри дека таа ја раскинала свршувачката затоа што тој имал афера со Дијана.

Романсата помеѓу принцезата и Џејмс започна во 1986 година откако беше ангажиран да ѝ одржува приватни часови за јавање за принцезата. Неговите квалификации беа одлични затоа што поминал 17 години во кралската коњаница и беше еден од командантите во Заливската војна. Тој беше отпуштен во 1994 година за преписка со принцезата од Велс.

„Да, го обожавав. Бев заљубена во него, но на крајот ме изневери“, изјавила Дијана во своето култно интервју со Мартин Башир. Џејмс има напишано три книги за аферата со Дијана, па дури и учествувал во неколку реални шоуа. Во неколку наврати, тој исто така се обиде да продаде љубовни писма што му ги испрати принцезата, за што јавноста го обвини.

Во 90-тите години, рече тој во 2011 година, бил на работ да си го одземе животот, а мајка му го спасила.

Имаше мозочен удар и срцев удар пред четири години. Закрепна, а денес бара љубов на Тиндер и се надева на среќна бајка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести