28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Атрактивната пијанистка со концерт пред македонската публика

Најчитани вести

Во сабота, 9ти ноември, светската сензација Лола Астанова (34) ќе одржи концерт на сцената во Македонската филхармонија, придружена од гудачки камерен оркестар од осум музичари.

Домашната публика ќе има уникатна можност за прв пат да ужива во еден фасцинантен концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го привлече вниманието на музичките великани како Андреа Бочели, Џон Корбет, продуцентот Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис и други. Таа е родена во Узбекистан, а од 2003 година живее во САД.
Позната е по блескавите интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се “ Don’t Stop the Music” од Ријана, “ We are the Champions” од Квин и “Moonlight Sonata” од Бетовен, којa ја изведува заедно со нејзиното момче Стјепан Хаузер од 2 Cellos.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести