Home » Атлетик: Модриќ, веројатно, нема добие нов договор

Атлетик: Модриќ, веројатно, нема добие нов договор

by Журнал.мк

Договорот на Лука Модриќ со Реал истекува за три месеци. Модриќ сака да остане, но се уште не добил понуда од клубот. Британски „Атлетик“, тврди дека Реал, како сега стојт работите нема да му понудат нов договор на хрватскиот репрезентативец.

Модриќ во септември ќе наполни 38 години. Поради неговата возраст тренерот Анчелоти ја дозира неговата минутажа, од почетокот на сезоната тој одигра само 60 отсто од натпреварите. Но, Модриќ имаше низа одлични настапи во последните недели, еден од нив е и мечот во Ливерпул.

Сепак, Реал се уште ниту формално, ниту неформално не покажува желба да го продолжи договорот на великанот, кој во клубот е 11 години, во кои освои се и одигра 469 натпревари.

Новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегана пишува за ова: „Модриќ секогаш е еден од последните кои го напуштаат кампот на Реал во Валдебебас и постојано останува да работи дополнително во теретана“ и додава.

„Клубот смета дека нема смисла да му се нуди среде борба за сите трофеи. Доколку Модриќ не добие понуда од Реал, Саудиска Арабија е најверојатната опција каде тој ќе ја продолжи кариерата“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk