13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Атлетико и се налути на Барса и само за нив Гризман има друга цена?

Најчитани вести

Aнтоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид тоа стана дефинитивно јасно кога Жоао Феликс ја доби неговата „седмица“.

Францускиот напаѓач веќе подолго време се поврзува со Барселона и сите очекуваат Каталонија да биде негова следна дестинација.

Очекувањата се Барселона да ја активира неговата откупна клазула која од 1-ви јули изнесува 120 милиони евра. Но, „Онда Серо“, најслушаното радио во Шпанија открива дека шампионот на Ла Лига ќе мора да плати многу повеќе.

Во Атлетико се лути затоа што Барселона повеќе од една година без нивна дозвола го „вознемирува“ нивниот најдобар играч и стрелец и поради тоа клазулата за нив е иста како пред 1-ви јули, а тоа е 200 милиони евра. Атлетико тврди дека дека Барселона и Гризман се договориле уште во март кога важела клазулата во износ споменатите 200 милиони и поради тоа „јорганџиите“ го сакаат тој износ.

И покрај ова не изгледа дека овој трансфер може да биде загрозен, меѓутоа може да се случи да потрае подолго.

Ако во некој случај Барселона треба да плати 200 милиони евра за Гризман тогаш Французинот би станал најскап играч во историјата на Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com