Атлас (C1) е најгорниот (прв) вратен прешлен на ‘рбетниот столб. Тој е наречен според Атлас од грчката митологија, бидејќи ја држи главата. Атласот е најважниот пршлен, зашто е одговорен да ја држи главата. Со негова помош се извршуваат сите движења на главата. Покрај него поминува нервот „вагус“ кој ги контролира сите внатрешни органи, како и дел од кранијалните нерви, артерии, вени и лимфни садови.
Кога атласот не е во својата физиолошка положба, тој врши притисок врз артериите, вените, лимфните садови и нервите што поминуваат низ него, а во таква состојба страда мозокот, бидејќи во него нема доволно кислород, така што целото тело се наоѓа во енергетски дефицит.До изместување на атласот доаѓа поради различни причини, како: генетски предизпозиции, патолошка положба на атласот во текот на ембрионалниот развој, неправилно седење, неправилни навики на вртење на вратот, спортска неактивност, неправилна положба при спиењето, повреди, како и невролошки, ревматолошки, автоимуни заболувања и нарушување на метаболизмот.
За лекување на проблемите со атласот најчесто се применува физикална терапија, а во поново време и Атлас релакс методот за репозиција на првиот вратен пршлен.
Главоболка
Главоболката е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот.
Според Меѓународното здружение за главоболка главоболките се делат во 3 класи
Примарни главоболки
- Васкуларна главоболка (мигрена),
- Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка),
- Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
- Останати примарни главоболки
Секундарни или симптоматски главоболки
- Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
- Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
- Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
- Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
- Главоболка предизвикана од општи инфекции,
- Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
- Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
- Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.
Невралгии и останати главоболки - Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
- Останати главоболки.
Мигрена
Мигрената е најчестиот тип на главоболка. Таа се појавува поради комбинација на фактори како: притиснати периферни нервни структури околу главата или вратот, чувствителност на централниот нервен систем, метаболна нестабилност и тн.
Тригер за мигрената најчесто се: стесниот начин на живот, нарушен сон, неправилна исхрана, прекумерна употреба на аналгетици, лоша положба на работното место и др.
Долго време се сметаше дека мигрената не се лечи што е многу погрешен став. Третманот за корекција на положбата на Атласот може значително да влијае на интензитетот и фреквенциите на мигренозните напади.
Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка)
Најчест тип на главоболка е тензиониот тип. При него главоболката е тапа, болка како стегање или како притисок. Болката е лесна до умерено силна. Најчесто нема гадење и повраќање за време на главоболката. Причината за појава на тензионата главоболка е стегнатоста во вратната мускулатура. Понекогаш причините можат да бидат емоционален стрес, неудобна положба на телото и вратот, глад, хроничен замор и тн.
Епизодната главоболка понекогаш може да прогресира во често па дури и во хронична главоболка.
Третманот на местењето на Атласот дава одличен резултат во релаксирање на кратката вратна мускулатура, а со тоа и даде добри резултати во тензиониот тип на главоболка.
Спец. Др. Дејан Бујишиќ
-ортопед
-атлас специјалист