19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Атланта, по две продолженија, славеше во Сан Антонио, Денвер победи кај Клиперси

Најчитани вести

Атланта Хокс, во драматичен меч, по две продолженија, забележаа победа во Сан Антонио со 134:129.

Тројца играчи на Хокс (Тре Јанг, Клинт Капела и Богдан Богдановиќ) постигнаа по 28 поени. Јанг имаше и 12 асистенции, Капела 17 скока и пет блокади, а Богдановиќ по пет скока и асистенции.

Кај Спарс се истакна Демар Дерозан со 36 поени, Дерик Вајт постигна 29 поени.

Во дербито Денвер Нагетс слеава во Лос Анџелес против Клиперси со 101:94.

Иако Никола Јокиќ не блескаше (14 поени, 7 скока, 7 асистенции), Денвер забележаа лесна победа во Лос Анџелес. Џамал Мареј постигна 23 поени, Мајкл Порттер јуниор 20, а Ерон Гордон заврши со 14 поени и по шест скока и асистенции.

Клиперси ги предводеа Каваи Ленард со 24 поени, 12 скока и четири асистенции и Дерик Ман со 18 поени.

Резултати:

Кливленд-Филаделфија 94:114
Детроит-Вашингтон 120:91
Бруклин-Шарлот 111:89
Мајами-Голден стејт 116:109
Њу Орлеанс-Орландо 110:115

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести