Home » Атина планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција

Атина планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција

by Журнал.мк

Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос за телевизијата Скај.

Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет.

„Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање на изградбата на продолжувањето на оградата. Работите за продолжување на оградата треба да бидат завршени за десет месеци“, додаде Теодорикакос, пренесе ДПА.

Во последните неколку години Атина изгради 37,5 километри челична ограда висока околу пет метри по плиткиот дел на граничната река Марица, која Грците ја нарекуваат Еврос, а Турците Мерич.

Според официјалните податоци, грчките граничари спречиле околу 256.000 мигранти да ја преминат реката и да влезат во земјата. Исто така, уапсени се 1.300 шверцери.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk