23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Аталанта побара расистите да бидат изолирани од фудбалот

Најчитани вести

Калчолигашот Аталанта излезе со официјална изјава по натпреварот од 4. коло од италијанскиот шампионат против Фиорентина (2-2).

Реакцијата се случи по расистички скандирања на нејзините навивачи кон дефанзивецот на Фиорентина, Далберт.

Нашиот клуб категорично се спротивставува на каква било форма на дискриминација. Аталанта секогаш се залагаше за принципите на еднаквост и солидарност. Ние мора да се бориме заедно против мал грст луѓе без морални принципи. Расистите мора да бидат изолирани од фудбалот, стои во соопштението на Аталанта.

Барање за спречување на се почестите расистички испади, до надлежните во италијанскиот фудбал вчера упати и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести