Раководството на Аталанта работи на неколку интересни трансфери во пресрет на новата сезона, а едно од посакуваните засилувања за Џан Пјеро Гасперини е фудбалер на Милан.
Се работи за Шарл Де Кетелар, белгискиот интернационалец кој не успеа да ги исполни очекувањата во дресот на Милан, а сега би можел да се пресели во Бергамо.
Аталанта веќе има договор со Де Кетелар, останува уште Милан да даде зелено светло за првичниот заем, кој подоцна може да се претвори и во комплетен трансфер.
„Росонерите“ би добиле 3 милиони евра за првата сезона, а Аталанта ќе може да го откупи договорот на Белгиецот за дополнителни 23 милиони евра по крајот на сезоната.
За Де Кетелар се интересираат повеќе европски клубови, па останува да се види дали тој ќе остане во Серија А или пак ќе замине во друго првенство, но дефинитивно не е во прв план кај Стефано Пиоли.