14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

АСО: Годинава двојно зголемен бројот на незадоволни осигуреници

Најчитани вести

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите шест месеци од годинава на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби, а доби вкупно 82 претставки од осигуреници кои биле незадоволни од работата на осигурителните компании. Во споредба со истиот период лани, сега бројот на поднесени претставки е двојно зголемен.

„Од вкупно 82 претставки во првото полугодие годинава 16 се решени во корист на подносителите т.е. осигурениците кои во АСО пријавиле дека се незадоволни од тоа како компанијата ја решила пријавената штета. Тоа е за 220 отсто повеќе решени претставки во корист на осигурениците во споредба со истиот период минатата година“, велат од АСО.

Во 21 случај причина за претставката била висината на надоместокот што осигурителното друштво го понудило за компензација на настанатата штета. Тие претставки не се процесирани затоа што АСО не одлучува за висината за понудениот надоместок за штета.

Според податоците на АСО, во корист на компаниите се решени 34 од сите поднесени претставки. За седум претставки е утврдено дека се поднесени без основ, две се повлечени од страна на подносителите, а за уште две постапаките се во тек.

Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки – 33 се поднесени за штети настанати кај осигурување од автомобилска одговорност (најзастапената класа на осигурување кое е задолжително со закон). За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 19 претставки, а девет поднеле незадоволни осигуреници од осигурување имот. Пет претставки се за осигурување живот, две за здравствено осигурување, а по една за осигурување посеви и плодови, патничко осигурување, каско осигурување, осигурување финансиски загуби и осигурување од ошта одговорност. Две претставки се поднесени за останатите видови осигурување.

Како причина за незадоволството на осигурениците во 29 случаи бил основот за исплата на штета, а во 21 случај висината за надоместокот. На рокот во кој компанијата треба да одговори по приговор се жалеле петмина подносители на претставки. По четири претставки има за рокот за обработка на штета и за исплата на надоместок, а две за висината на регрес. Уште десет претставки се поднесени по останати основи за поднесување.

Според АСО, најмногу претставки во првото полугодие годинава се поднесени за работењето на „Уника“ – 13. Потоа по девет претставки се поднесени за „Халк Осигурување“, „Граве неживот“ и „Еуролинк Осигурување“. Осум за „Винер“, по пет претставки поднеле осигуреници за работата на „Кроација живот“ и „Евроинс“. По четири претставки се поднесени за „Сава осигурување“, „Триглав Осигурување“ и за работата на „Осигурителна полиса“. По една претставка за: АДОР „Македонија“, „Кроација осигурување – неживот“, „Граве“, Националното биро за осигурување и осигурителното брокерско друштво „СН Брокер“. Во овој период нема претставки од осигуреници на: „Винер лајф“, „Триглав живот“ и на „Уника живот“.

Од вкупниот број на поднесени претставки 67 се поднесени од граѓани, а 15 поднеле правни лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com