Сирискиот претседател Башар ал Асад ги обвини Соединетите Држави дека на Турција ѝ продаваат запленета сириска нафта.
Во интервју за кинеската телевизија „Феникс“, на прашањето што се случува со нафтата произведена во објектите источно од Еуфрат, тој рече дека Америка сега е таа што краде нафта и ја продава на Турција.
Тој истакна дека пред Американците, изворите на нафта ги користеле Џабхат ал Нусра, а подоцна и Исламската држава, објави САНА.
„Турскиот режим директно учествува во продажбата на нафта, прво со Ал Нусра, подоцна со ИД, а денес со Американците“, рече Асад.