8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Архитект доби казна од 78 илјади евра – мостот не му бил прилагоден за туристи

Најчитани вести

Судот во Италија изрече казна од 78.000 евра за архитектот Сантијаго Калатрава бидејќи неговиот дизајн на мост во Венеција е неприлагоден на бројот на туристи кои ја посетуваат таа област.

Италијанскиот град познат по своите канали, повеќе години наназад се обидува да најде решение за големиот број туристи кои го посетуваат. Сега градот презеде мерки против дизајнот на мостот на Големиот Канал бидејќи тој не е прилагоден на бројката на туристи.

Одлуката е донесена на 9 август, а во пресудата се наведува дека шпанскиот архитект бил невнимателен во текот на градежниот процес иако претходно работел на слични проекти во Тексас и Алберта.

Мостот „Понте дел Коститузионе“ е направен во 2008 година и го доби името по италијанскиот Устав, кој тогаш одбележуваше 60-годишнина. Околу неговото отворање имаше различни контроверзи, како во однос на градежништвото, така и за трошоците, кои од предвидените 7 пораснаа на 11,6 милиони евра.

Во тужбата се наведува дека металната конструкција и стаклото на мостот не можеле да го поднесат големиот број посетители на Венеција и нивниот багаж.

Судот исто така пресуди инженерот Салваторе Венто, кој бил одговорен за извршување на работите, да плати казна од 10.989 евра.

Најнови вести