5 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Артета се договорил со Арсенал, ќе дебитира веќе викендов против Евертон?

Најчитани вести

Шпанецот Микел Артета ќе биде новиот менаџер на лондонски Арсенал, откако англиските медиуми доцна синоќа објавија дека помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер сити ги прифатил условите на „топчиите“ за да седне на кормилото, кое остана празно по отказот на Унај Емери.

Артета беше прв пик на Арсенал, па членови на раководството беа фатени доцна синоќа пред куќата на Шпанецот, после победата на Сити над „топчиите“ во Лондон со 3-0. Според информациите најдоцна во следните 48 часа ќе следи потврдата за ангажманот на Артета на клупата на лондонскиот премиерлигаш. Инаку Шпанецот се договорил за три ипол годишен договор и сега сите очекуваат дека дебито ќе му биде викендов против Евертон.

Многу веројатно Арсенал ќе го објави именувањето на Артета за нов менаџер после вечерашниот дуел на Сити со Оксфорд јунајтед во четвртфиналето во Карабао-купот, кој веројатно ќе биде последен за Шпанецот покрај Пеп Гвардиола,

Гвардиола вчера побара од свјот сонародник брзо да се изјасни дали планира да оди во Арсенал за да спречи понатамошна деконцентрација во својот тим, за (не)одењето да не стане централна тема и сето тоа да го дефокусира тимот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести